МАКЕДОНИЈА

Мандаторот Зоран Заев го достави предлогот за новата Влада до Собранието


Мандаторот за премиер Зоран Заев го достави до Собранието предлогот за новата Влада, чиј приоритет, како што најави тој, ќе биде борбата против криминалот и корупцијата, чистењето на судството, економијата, здравството, образованието, животната средина, соседските односи и членството во НАТО и во ЕУ. Тој очекува новата Влада да биде изгласана во Собранието во наредните денови и од следната недела да започне да работи на, како што истакна, европеизацијата на земјата.

Седницата за избор на новата влада е веќе закажана за сабота, а дебатата може да трае најмногу два дена.

Партнерите на владејачката коалиција, СДСМ и коалицијата Можеме, ДУИ и ДПА се согласија Заев да ја предводи новата влада со мандат од четири години, додека во последните 100 дена шеф на извршната власт ќе биде предложен од ДУИ. За разлика од претходната Влада со 26 министри, новата Влада ќе има 19 министри. СДСМ ќе има 11 министри, ДУИ ќе има 6 министри, а Движењето Беса и Либерално демократската партија ќе имаат по 1 министер. Мандаторот Заев исто така рече дека партнерите во коалицијата веќе се согласиле за околу 90% од идните заменици министри.

Вчера пратениците кои ќе станат министри дадоа оставки од освоените мандати и на нивно место беа верификувани пратеничките места на следните кандидати од листите. Заев верува дека новото владино мнозинство ќе биде стабилно и покрај тоа што има само 62 пратеници. Според него, минатиот собраниски состав покажал дека во државата може да се завршуваат важни процеси дури и со 61 пратеник.

 

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button