ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мандатот за формирање Влада оди кај оној што ќе обезбеди мнозинство во Собранието, стои во Уставот

Оставката на Зоран Заев од премиерската функција треба да се достави до Собранието. Нејзино констатирање од страна на законодавниот дом значи и пад на целиот кабинет. Собранието подоцна треба да го извести претседателот на државава за новонастанатата состојба и немање на извршна власт, по што шефот на државата треба да именува нов премиер.

Advertisements

УСТАВ, ЧЛЕН 90:

„Претседателот на државата е должен (во рок од 10 дена од денот на конституирањето на Собранието) да му го даде мандатот за формирање на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите кои ќе имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на давање на мандатот, до Собранието доставува програма и го предлага составот на Владата. Владата на предлог на мандатарот и врз основа на програмата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека претседателот ќе постапи според досегашната практика.

„Претседателот на Република Северна Македонија не е официјално информиран од претседателот на Собранието дека премиерот поднел оставка. Кога ќе биде информиран за евентуалната оставка, претседателот во законскиот рок од десет дена по завршувањето на консултациите ќе го додели мандатот за формирање Влада на партијата или партиите кои ќе имаат мнозинство во Собранието“, наведоа од Кабинетот на претседателот.

ВМРО ДПМНЕ оставката на Заев во моментов ја нарекува „Фејсбук“ оставка.

Заев освен што не успеа да го заврши својот втор премиерски мандат, не успеа да го заврши и третиот мандат како лидер на СДСМ. Неговата оставка доаѓа само седум месеци по неговиот реизбор во март. На последните внатрепартиски избори тој беше единствен кандидат и доби над 59 илјади гласови од членството. Според статутот на СДСМ, во рок од 15 дена од истекот на мандатот треба да се распишат предвремени внатрепартиски избори.

„Одлуката за распишување предвремени избори ја носи Извршниот одбор на партијата, најмногу во рок од 15 дена од завршувањето на функцијата“, пишува во Статутот на СДСМ.

Заев првпат беше избран за лидер на СДСМ во 2013 година. Во 2017 година беше реизбран за втор мандат и четири години подоцна во третиот како претседател на Социјалдемократите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button