МАКЕДОНИЈА
Мангова: Изборот на граѓаните се ЕУ и НАТО, но во пораст е расположението за Русија и Кина

Кај македонската јавност се забележува зголемување на расположението за соработка со Кина и со Русија, иако највисоко на листата е довербата во ЕУ и САД, вели Илина Мангова, заменик директорка на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат. Како што додава таа, поддршката за членството во ЕУ изразиле 84% и 80% поддршка за членството во НАТО.
„Тоа што го забележуваме во последната година и пол е дека има и пораст на преференцата за силни односи и со Кина. Таа се зголеми во последната година и пол од 11 проценти и 6% пораст кај преференцата за Русија“, вели Мангова, потенцирајќи дека анкетата е направена пред почетокот на воената агресија од Русија врз Украина.