ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Манипулации и политички примитивизам се наводите на ДУИ за оценувањето на Законот за јазиците, вели Костадиновски

Лаги и опасни манипулации. Вака, како свој личен став, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, ги оцени наводите во денешното соопштение на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а во врска со постапката за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците.

Advertisements

Имено, од партијата на Али Ахмети денеска преку писмено соопштение рекоа дека четири години по потпишувањето на усвојувањето на Законот за употреба на јазиците сега се прават обиди за напад на најчувствителното прашање од Охридскиот рамковен договор – прашањето за јазикот.

Костадиновски за став по овие наводи беше прашан на денешниот брифинг со новинарите, на кој информира за подготвителната седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците.

„Со индигнација ги отфрлам сите лаги, тешки и манипулации кои веќе преминуваат во сферата на опасни манипулации“, рече Костадиновски.

Осврнувајќи се на наводите на ДУИ, тој рече дека контрастот на нивните прашања и тези бил било прашањето зошто тогаш постои Уставниот суд.

„Што треба ние да направиме со таа иницијатива? Да ја земеме да ја искинеме, да ја чуваме до 2030 година, до 2040, 2050 година? Што треба да направиме кога имаме јасно определени надлежности и должности. Ние сме должни да одговориме на прашањето. Но, сега да се употребуваат такви тешки зборови, да се игра на чувствата на граѓаните, да се манипулира е навистина, не знам како да го наречам, ова е брутално, ова е политички примитивизам, политичко дивјаштво. Ова се лаги, невистини“, рече претседателот на Уставен на брифингот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button