Ману: Секаде во светот има само една Академија
Ману: Секаде во светот има само една Академија

Секаде во светот има само една академија на науки. Ова е ставот на раководството на Македонската академија на науките и уметностите, кое бара оваа институција да не се вклучува во дневно-политички дебати, бидејќи тие припаѓаат на државните институции и Собранието.
Ману е формирана во 1967 година, со еминентни имиња согласно највисоките универзални и научни стандарди и критериуми, а пред се беше столб во градењето и зачувувањето на идентитетот на македонскиот народ како и на другите народи што живеат во земјава…. Политичките партии и нивните влијанија никогаш немале место во Академијата. Од нејзиното формирање до денес, членови на Академијата се припадници на македонскиот народ, но и на сите етнички заедници.
Но, додека МАНУ нагласува дека ги зачувала идентитетите на другите народи, а етничката застапеност во неа се гледа само со еден академик, член на Академијата и 3 надворешни вработени.
Во септември 2009 година, енциклопедијата што ја објави Академија тенденциозно тврдеше дека во Македонија не живееле Албанци со што предизвикува низа реакции кај албанската заедница во земјава, во Албанија, Косово.
Во енциклопедијата пишуваше дека во Македонија не живееле Албанци, туку дека дошле од Албанија и ги колонизирале овие места по 16 век, населувајќи се во куќите на Македонците. Меѓу другото, во оваа енциклопедија Албанците се именувани како арбани, арнаути и албанци, при што овој поим беше придружен со соодветно објаснување дека значи слезени од планина. Фактите беа искривувачки дури и за создавањето на првата албанска држава, наводно основана во 1944 година од Германците.. И аналитичарот Мухамед Халили се спротивставува на тезата дека МАНУ бил столб за зачувување на идентитетот на народите.
Премиерот и вицепремиерот Меџити останаа на своите позиции за албанската академија на науките и уметностите. Според Изет Меџити го нема ништо подобро кога Албанците се занимаваат со наука, и нема причина да се плашиме од науката./Alsat.mk