
Кошаркарот на Сакраменто, Киган Мареј ја одбележа синоќешната вечер во НБА лигата со 12 тројки во победата на неговиот тим над Јута од 125-104. Мареј се запиша во историјата на лигата со 11 постигнати тројки од првите 11 обиди!
Мечот го заврши со 47 постигнати поени и само три промашени шута за три поени од 15 обиди. Тој две тројки запиша во првата четвртина, е неверојатната серија ја продолжи во третата четвртина кога „решеташе“ од сите позиции без грешка.
Шест тројки постигна во тој период доведувајќи ги сите навивачи на трибините до делириум. Во третата четвртина постави и рекорд на франшизата по бројот на поени во една четвртина – постигнувајќи 26!
На крајот не успеа да го стигне рекордот на Клеј Томпсон од 14 тројки, откако ги промаши последните два свои обиди од зад линијата за три поени./Ekipa.mk/