ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Маричиќ: Се разговара со лингвистите за нивните забелешки

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во одговор на новинарско прашање во врска со вчерашните забелешки од страна на македонистите, за едностраната изјава од македонска страна за македонскиот јазик, рече дека во текот на денешниот ден се водат интензивни преговори со нив и оти очекува информации во текот на денешниот ден.
„Постојано има комуникации и вчера и денес. И министерот за надворешни и министерката за култура и очекувам во текот на денот нешто и да се пренесе и да се каже. Има интензивна комуникација. Мислам дека се покриени сите грижи дека не сме направиле ништо негативно врз нашиот јазик и неговиот карактер“, рече Маричиќ.