МАКЕДОНИЈА
Маричиќ: ЕУ нема механизам да спроведува истраги

Европската Унија нема механизми да спроведува истрага, туку само мониторинг, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за правда, Бојан Маричиќ. Како што кажа тој, ЕУ би можело да се нафати на мониторинг, кој ако укаже на некакви крупни недостатоци за некој процес, би можело да биде индиција нашите органи да покренат одредени прашања.
„Она што можеме да го добиеме од ЕУ, колку што јас ја познавам, е тим на експерти коишто ќе извршат некој вид на мониторинг. Нема механизми Европската Унија да отвора истраги кај нас, освен, преку ОЛАФ, за делот на трошење на европските пари. Други механизми, поврзани со вакви случаи јас не познавам“, вели Маричиќ.