МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Франција може многу да помогне во евроинтеграцискиот процес

Отворањето преговори со С. Македонија и со Албанија е еден од приоритетите на француското претседавање со ЕУ, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во неговото вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат. Како што вели тој, Франција може многу да помогне ако вистински го поддржи процесот.

Advertisements

„Француското претседателство е заинтересирано и за нашите отворени прашања, во приоритетите е ставено отворање преговори со С. Македонија и со Албанија и сметаме дека и претседателот Макрон, лично и целата негова влада и неговиот тим можат многу да помогнат доколку како француско претседателство на вистински начин го поддржат овој процес“, рече Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button