МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Има начин резултатите од Комисија за историја да не се врзуваат со ‘патоказите’

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека има начин резултатите од Комисијата за историски прашања да не се врзуваат за секој дел од преговарачкиот процес со Бугарија и оти развојот на преговорите не треба да зависи само од нејзината работа.

Advertisements

„Мислам дека има начин како работата на историската комисија да не биде врзана за сите ‘патокази’ од преговарачката рамка, а сепак да биде важна во тој процес. Никој не очекува, ниту ние, а верувам ниту бугарската влада, дека развојот на преговорите ќе зависи само од резултатите на историската комисија или дека тоа може да биде официјално спроведување на критериуми“, вели Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button