ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Интеграцијата не може да оди напред без уставните измени

Маричиќ: Интеграцијата не може да оди напред без уставните измени

По завршувањето на скрининг-процесот, Македонија мора да ги достави до ЕУ клучните документи за преговорите за првиот кластер до крајот на овој месец. Но, процесот не може да оди напред без одобрување на амандманите за вклучување на Бугарите во Уставот. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека уставните измени се услов за продолжување на интеграцијата во Европската унија.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Бујар Османивели дека за Македонија да не остане изолирана, уставните промени треба да се случат пред претседателските и парламентарните избори следната година.

„Ова сега е идеална можност да влеземе на вистинскиот пат кон Европската унија и имаме група националисти кои го држат народот во заложништво. Мислам дека не треба толку лесно да се предадеме на нивниот отпор, туку да се бориме до крај за да ги направиме уставните измени. ВМРО може да ги поддржи после избори, но може да биде доцна. Затоа не треба сега да се откажуваме од уставните измени“, изјави Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

И покрај ваквите тврдења на министерот Османи, ВМРО-ДПМНЕ јасно стави до знаење дека нема да гласа за уставните промени. Во моментот кога Македонија ќе ги усвои уставните промени, по автоматизам ќе се одржи втората меѓувладина конференција со ЕУ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button