МАКЕДОНИЈА
Маричиќ кажа што мисли за најавите за референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, смета дека организирање на референдум, како што бара ВМРО-ДПМНЕ е непотребно бидејќи, како што рече, Собранието имало доволно легитимитет да одлучува без референдум.
„Имаме доволно капацитет и легитимитет на институциите, да дискутира, да разговара и во еден демократски процес на дијалог да се обидеме да дојдеме до двотретинско мнозинство, што е сосема доволен легитимитет за уставните измени без референдум. Ова е мој личен став“, рече Маричиќ.