МАКЕДОНИЈА
Маричик: Неиздржани аргументите во интерпелацијата

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат вели дека обвинувањата од опозицијата, наведени во интерпелацијата против него се неиздржани и аспурдни. Сепак, додава дека тој е потполно отворен да одговори на секој од наводите против неговото работење.
„Право на опозицијата е во секој момент да достави интерпелација, иако мислам дека после гласањето за доверба на владата, коешто се случи неодамна дека нема многу смисла, но право е на опозицијата и јас максимално ќе ги искористам моето време и можностите во Собранието да ги соочиме аргументите и да претставам што сум направил во овие шест месеци“, рече Маричиќ.