Маричиќ: Односите со Бугарија се смирени, провокациите сведени на минимум

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во врска со посетата на високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел на Скопје минатата недела, рече дека „никој не очекува дека треба некој нешто да ни вети, но очекуваме во моментот кога ќе се завршат сите обврски околу реформите и кога ќе ги надминеме разликите со Бугарија, веднаш да се отворат преговорите“.
– Нам не ни треба никакво ветување, затоа што сме имале многу, а не се оствариле, и мислам дека јавноста треба не да се вознемирува во таа насока. Наш интерес е да ги почнеме преговорите и во моментот кога ќе ги завршиме сите разногласија со Бугарија очекуваме ЕУ веднаш без одложување, да ги почне преговорите, нагласи Маричиќ.
Коментирајќи го нивото на односите со Софија, тој оцени дека тие сега смирени.