ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ – Росвал: Политичкиот момент за проширување на ЕУ постои, да се искористи за брз напредок во процесот на преговори

Евроинтегративниот процес, билатералната развојна помош што Кралството Шведска и ја дава на Северна Македонија и стратешките цели на двете држави, биле теми на разговор на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со шведската министерка за ЕУ и нордиска соработка, Јесика Росвал.

Advertisements

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Маричиќ на средбата посочил дека посетата на Росвал за време на шведското претседавање со Советот на Европската Унија, е од голема политичка важност за нашата земја, укажувајќи дека заложбата на Шведска за проширување на ЕУ е важна и за нашиот напредок во процесот на преговори.

Соговорниците оцениле дека Шведска континуирано дава поддршка на европскиот пат на Северна Македонија и има голема улога во напредокот на реформската агенда, но дека сега е најпотребно да се задржи Северна Македонија на европскиот пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button