МАКЕДОНИЈА
Маричик: Нема политички разрешувања на судии

Судскиот совет работи непристрасно и во земјата нема политички мотивирани разрешувања на судии, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерот за правда, Бојан Маричиќ. Како што кажа тој, ниту една одлука не се носи врз база на непостоечки докази.
„Монтирани случаи, политички разрешувања, не постојат во моментот. Она што постои е одлучување за секој случај поединечно. Секој судија добил шанса во оваа држава, особено во последните четири години“, рече Маричиќ.