МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Треба да се почитуваат вредностите на антифашизмот, ќе има законски измени за граѓанските здруженија

Слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитувано, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5.

Advertisements

Тој смета дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина година треба да се ревидира.

– Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа, рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба да се промени законот и дека Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button