МАКЕДОНИЈА
Маричиќ за најавите за посета на осудените од „Диво Насеље“: Дозвола издава само Судот

Косовскиот заменик министер за правда има право да се сретне со осуденици коишто се на одлежување затворска казна, но треба да се испочитуваат процедурите за тоа, вели во своето вечерашно гостување во емисијата “360 Степени“ на Алсат министерот за правда, Бојан Маричиќ. Како што вели тој, дозвола за таква посета треба да даде Судот.
„Доколку побара и доколку добие одобрение од Судот таа средба ќе се оствари. Не се работи за политичка проценка на министерството за правда или на мене како министер, дали некоја средба ќе се случи, туку е проценка на Судот“, вели Маричиќ.
Како што додава тој, ова не би било првпат странски дипломат или политички претставник да имаат средба со нивни државјани, осуденици во нашите затвори.