ВЕСТИСВЕТ

Мариупол ќе остане без храна за три до пет дена, предупредува украински пратеник

Дмитриј Гурин, пратеник во украинскиот парламент, за Скај њуз изјави дека Русија бомбардира цивилна инфраструктура во пристанишен град на Црното Море.

Advertisements

Тој додаде дека се блокирани снабдувањето со храна и вода, додека зелените коридори се опколени од руските сили, пренесува МИА.

„Мариупол е без греење, гас, струја и вода. Луѓето собираат снег за да имаат вода, а за три до пет дена нема да има повеќе храна и повторно ќе има глад. Глад во срцето на Европа“, рече тој.

Детската болница и породилиштето денеска беа погодени од неколку проектили, а се претпоставува дека под урнатините има луѓе.

Гурин рече дека, според досегашните информации, повредени се седумнаесет жени, вработени во болницата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button