
Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија го добива новиот селектор. Марјан Илиевски е нов предводник на кошаркарите и ќе ја има својата промоција пред јавноста.
Прес-конференцијата, на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и неговиот стручен тим ќе биде одржана на ден 17. јуни (вторник), од 12.часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
На овој собир, учество ќе земат и раководните луѓе на федерацијата, претседателот Томе Главчев, потпретседателот Младен Ѓуроски, и генералниот секретар Томче Стојчевски.
Марјан Илиевски беше тренер на Пелистер, Блокотехна, АВ Охрид, Кожув, Лирија, Приштина и Раховеци. Марјан Илиевски ќе биде 15. селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Тоа ќе биде круна во кариерата на 49-годишниот стручњак кој, меѓу другото, има две интернационални титули, освоени во БИБЛ лигата како тренер на Приштина и Блокотехна. Илиевски ќе го наследи Александар Јончевски кој беше на селекторската функција од 2023 година, а ќе има исклучително тешка задача во претквалификациие за Светското првенство што ќе се одржат во август.
FOTO: Ekipa.mk