ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Марјан Златановски, името што ги крена на нозе сите безбедносни структури во државата и земјите од регионот поради објавувањето лажни вести, би можел повторно да се врати во Воената разузнавачка служба

Марјан Златановски, името што ги крена на нозе сите безбедносни структури во државата и земјите од регионот поради објавувањето лажни вести, би можел повторно да се врати во Воената разузнавачка служба

Марјан Златановски, човекот кој во 2019 година беше итно вратен од меѓународната мисија во Босна поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, се очекува да се врати на една од најчувствителните позиции за националната безбедност – Военото разузнавање. Доверливи извори на Алсат откриваат дека Златановски, кој беше фатен како преку портали шири информации што ја загрозуваат националната безбедност, би можел да биде кандидат за командант на единицата за Воено разузнавање во Куманово.

Advertisements

Извори на Алсат откриваат дека мајорот Марјан Златановски, кој моментално е ангажиран во Логистичката база при Генералштабот, е предложен од Министерството за одбрана да се врати на претходната позиција, а според истите извори, одлуката се очекува да биде објавена наредните денови. Но, од Министерството за одбрана ги отфрлаат овие информации, оценувајќи ги како шпекулации.

„Станува збор за целосна шпекулација. Министерот не го именувал лицето за кое прашувате во Дирекцијата за безбедност и разузнавање во одбраната. Тој ги извршува своите задачи во рамките на Армијата и е распореден во Генералштабот“, велат од Министерство за одбрана.

Името на Марјан Златановски се поврзува со сомневања за управување со неколку профили на социјални мрежи и веб-страници за вести, со цел ширење лажни информации, меѓуетничка омраза, исламофобија и манипулација со јавното мислење. Сето тоа под закрила на државна униформа и со поддршка внатре во структурите на армијата и полицијата. Во 2019 година, Златановски беше вратен предвреме од меѓународна мисија во Босна, со директна наредба од поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. Случајот, според извори, го открил програмер од Белгија по име Мартин Шенко и веднаш бил пријавен до надлежните институции за одбрана. За неговите дејствија биле алармирани и разузнавачките служби на пријателски земји на Северна Македонија./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button