
Голманот на Барселона, Марк тер Штеген е успешно опериран и во наредниот период ќе биде надвор од теренот.
Каталонскиот клуб потврди дека врз голманот успешно е извршена најавената операција со која требаше да ја санира повредата на грбот. Операцијата била направена во Бордо.
Барселона не соопшти колку ќе трае рехабилитацијата на Тер Штеген, прогнозите на медиумите се дека околу 2-3 месеци ќе биде надвор од теренот.