ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Маркетите ќе треба да ја ограничат количината на масло за јадење

Маркетите сами ќе одлучуваат колкава количина на масло за јадење ќе можат да купуваат граѓаните. Владата им препорача на трговците да ја ограничат количината на купување на масло за јадење откако на терен одредени граѓани купувале масло за јадење во цели пакети. Ваквата ситуација предизвика фиктивно зголемување на побарувачката, во време кога понудата е ограничена. Доколку трговците не ги ограничат количните што секој граѓанин може да ги купи, на следната седница тоа ќе го стори Владата.

Advertisements

„Маркетите од вчера, се надевам дека од денеска почнале да ја реализираат нашата препорака согласно нивните политики и залихи за купувањето на масло за јадење, но секако дека ќе забраниме ако има злоупотреби. Во комуникација сме во инспекторатот, сега и трговците на мало ќе можат да ги известат во случај ако некој од потрошувачите бара 40 литри 50 или 100 литри на зејтин тоа нема да биде дозволено и секако контролите ќе излезат на терен“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според анализата на Економија, потрошувачката на масло за јадење е зголемена за три пати во изминатиот период. Купувачи покрај од земјава во одредени градови имало и од странство, бидејќи за овој производ со одлука на Влада не се плаќа ДДВ, вели Бектеши. Со последната одлука да не се царини увозот на масло во земјава надлежните очекуваат маслото за јадење да се увезува и од други земји.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button