СПОРТ
Маркез доминантно на првата спринт трка сезонава во Мото ГП

Шпанскиот возач Марк Маркез на неверојатен начин ја стартуваше својата авантура во Дукати и успеа да победи на првата спринт трка, откако беше најбрз во Бурирам, Тајланд.
Маркез до победата на спринтот стигна со доминантна трка уште од самиот старт на која не им дозволи никакви шанси на ривалите.
На подумот по Марк Маркез заврши неговиот брат Алекс Маркез од Гресини, додека трретото место му припадна на Франческо Бањаја. По нив во спринт-трката следеа Аи Оигура, Франко Морбидели, Педро Акоста, Фабио Квартараро, Бред Бајндер…
МотоГП трката во Тајланд се вози утре (недела) од 9:00 часот.