СПОРТ

Маркез, следната сезона ќе ја продолжи кариерата во Дукати 

Искусниот Марк Маркез во следната сезона ќе ја продолжи кариерата во фабричкиот тим на Дукати.  Шпанецот кој оваа сезона вози во одлична форма и полека ги надминува проблемите со повреди по долги преговори пронајде нов тим. Маркез во моментов е дел од тимот на Гресини кој е развоен на Дукати, па откако побара од челниците „трансфер“ во фабричкиот – тоа и ќе го добие.

Се очекуваше партнер на шампионот Франческо Бањаја во следната сезона да биде Хорхе Мартин, меѓутоа до тоа нема да дојде. Предност добива шесткратниот првак во Мото ГП, Маркез, кој во следната сезона ќе вози крај шампионот во Дукати.

Од друга страна, Хорхе Мартин заврши во редовите на Априлија, каде што доаѓа на местото на Алеш Еспаргаро и ќе вози заедно со Маверик Вињалес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button