СПОРТФУДБАЛ

Марко Асенсио: Верувам дека ќе постигнеме големи работи

Eден од фаворитите од сенка во Лигата на Шампионите оваа сезона е францускиот шампион, Парис Сен Жермен.  Пред почетокот на вториот дел од сезоната, Марко Асенсио смета дека тој и соиграчите ги имаат сите квалитети за да го освојат трофејот кој долго време не успева да стигне во нивни раце.

Advertisements

„Со клубот, персоналот и играчите сме на вистинскиот пат, обединети и верувам дека ќе постигнеме големи работи. Сите добро се согласуваме и сме многу амбициозни. Веќе освоивме титула во супер-купот во јануари, а за многу краток период пристигнуваат и битките за титулата во Франција, Купот на Франција и Лигата на Шампионите, сите три многу важни.

 

ПСЖ има за цел да ги освои сите натпреварувања во кои се натпреваруваме. Натпреварите ќе бидат тешки и комплицирани. Реал Сосиедад е тим кој добро го познавам, играат многу добар фудбал и се многу ефикасни. Ќе дадеме максимум да се обидеме да одиме до финале“, изјавил Асенсио.

Дуелот меѓу ПСЖ и Реал Сосиедад се игра вечерва од 20:45 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button