СПОРТФУДБАЛ

Марко Роси: Мора да го лимитираме одличниот Гранит Џака

Репрезентацијата на Унгарија ја очекуваат три тешки натпревари во првата група од Европското првенство во Германија, а избраниците на селекторот Марко Роси својата авантура ќе ја започнат со дуелот против секогаш незгодната Швајцарија.

Италијанскиот стратег смета дека ривалот има неколку квалитетни поединци и рече дека неговиот тим мора да биде исклучително внимателен, особено во средниот ред, каде Швајцарците отскокнуваат со својот талент.

„Швајцарија е компактен тим со редовни учества на големите натпреварувања. Имаат неверојатен квалитет на средината од теренот. Ќе се обидеме да го лимитираме одличниот Гранит Џака и сите останати соиграчи. Џака ја освои Бундеслигата и играше финале на Лига Европа, а воедно има големо искуство и од Премиер лигата. Ние се фокусираме на нашата игра, која во голема мера ќе зависи од поставеноста во дефанзивата. Секако дека мислиме и на противничките голови, се надевам дека нема да имаме преголеми проблеми во офанзивниот дел“, изјави Роси.

Унгарија и Швајцарија ќе се соочат на 15 јуни, со почеток во 15:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button