ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маркуш: Задоцнети се преговорите со Северна Македонија и Албанија

Преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија се многу задоцнети. Сите се надеваме дека вистинската одлука ќе биде донесена до крајот на словенечкото претседателство со ЕУ и Словачка напорно работи за постигнување на оваа цел, изјави денеска словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

Словачкиот амбасадор истакна дека е добро Северна Македонија да остане на реформскиот пат и оти тоа испраќа добра порака до Унијата.

– Спроведувањето на реформите испраќа добра порака до Унијата. Прво дека испорачувањето реформи се прави најпрво за доброто на државата и на граѓаните, и второ дека сте повеќе од подготвени да ги започнете пристапните преговори и со тоа да докажете дека можете да го примените европското законодавство, рече Маркуш на сесијата на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија, која денеска расправаше на темата „Нов извештај на Европската комисија – стари проблеми: Како до поголема ефикасност во изрекувањето и извршувањето на мерката конфискација на имот“.

Тој оцени дека последниот извештај на ЕК за државава имаше доста позитивна конотација и оти тоа е уште еден опиплив доказ дека земјава прави важни чекори и вреден напредок на евроинтегративниот пат, што за жал, според него, денес многу повеќе налага за разлика од случајот со останатите држави што и се приклучија на Унијата во минатото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button