ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Марш во Кочани, во чест на загинатите деца и млади

Марш во Кочани, во чест на загинатите деца и млади

Марш во Кочани во чест на 59-те жртви кои ги загубија животите во катастрофата во дискотеката „Пулс“.

Advertisements

Граѓаните во тишина и без транспаренти маршираа низ градот поминувајќи пред полицијата, а потоа и пред судот во Кочани, барајќи правда и одговорност.
Молкот и денеска се слушаше во Кочани , една недела по трагедијата во која загинаа деца и млади во пожарот во импровизираната дискотека.

За денеска во скопскиот градски парк беше најавен митинг во 16 часот и 30 минути, но учеството беше симболично.
Митинзи имаше и во други градови, како Штип и Охрид, каде се бараше одговорност и се бараше институциите да ја гарантираат безбедноста на граѓаните.
Атмосфера (Штип)

Протести се најавени и за утре. Во Тетово во 12:30 часот, иницијативата „Нула“ соопшти дека покрај случајот со Кочани, протести ќе има и за сите несреќи во кои загинале недолжни граѓани, како што е пожарот во модуларната болница, но и трагичните автобуски несреќи во село Ласкарце и Беса Транс.
Студентите на Универзитетот „Кирил и Методиј“ иако најавија протест за во 13 часот тој беше откажан поради, како што велат, политизирањето на собирот.
Протест е закажан за на на скопскиот плоштад за утре во 19 часот од иницијативата „Кој е следниот“./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button