СВЕТ

Масакр во Казан: Убиецот пред нападот објавил фотографија на Телеграм

Министерството за внатрешни работи на Татарстан денеска соопшти дека масакрот во училиштето во рускиот град Казан го извел еден тинејџер, кој е приведен.

Напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.

Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот рече дека се убиени седум ученици.

„Изгубивме седум деца, ученици од осмо одделение, четири момчиња, три девојчиња. Тие починаа тука на третиот кат“, истакна Миниханов, додавајќи дека 16 лица лица се повредени, од кои 12 деца и четири возрасни, кои сега се во болница.

Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште. Според порталот База, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето, а потоа ќе се застрела себеси.

Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button