ВЕСТИСВЕТ

Маск жали за некои изјави за американскиот претседател Доналд Трамп

Милијардерот Илон Маск денес изјави дека жали за некои од своите коментари за американскиот претседател Доналд Трамп.

Advertisements

„Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Тие беа претерани“, напиша Маск во порака на социјалната мрежа X.

Трамп и Маск почнаа да разменуваат навреди на социјалните мрежи минатата недела, при што извршниот директор на Тесла и Спејс Екс ги опиша трошоците и даночните закони на Трамп, кои влијаат на бизнисот со електрични возила, како „одвратни“ и „срамни“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button