СПОРТФУДБАЛ

Маскирани разбојници ги нападнале Ди Марија и Влаховиќ

Фудбалерите на Јувентус Анхел ди Марија и Душан Влаховиќ преживеале вистинска драма во домот на Аргентинецот во Торино.

Advertisements

Во куќата на Ди Марија влегле маскирани лица кои се обиделе да ги ограбат двајцата фудбалери. Некои од медиумите од Италија пренесуваат дека во текот на грабежот користено е и огнено оружје. Сепак, за среќа полицијата стигнала брзо по огласувањето на алармот, па на крајот се се завршило добро за двајцата фудбалери.

Еден од напаѓачите бил уапсен при обидот за бекство, додека по останатите членови на бандата се уште се трага. Инцидентот се случил ден по победата на Јувентус над Макаби во Лигата на Шампионите. /Ekipa/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button