ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Масовна тепачка во затворот во Идризово

Во казнено поправниот дом во Идризово десетици затвореници биле вмешани во физички пресметки. Три лица се повредени, од кои двајца избодени со нож.

Advertisements

„На 26.06.020.2024 година во 13:10 часот во СВР Скопје од затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во амбулантното одделение бил нарушен мирот со физичка пресметка помеѓу голем број затвореници, при што е повредено лицето Е.М. (26), додека С.Д. (43) и С.М. (29) се здобиле со повреди од тап предмет, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за  лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рекоа од МВР.

Директорот на затворот Зоран Јованоски за Алсат вели дека ваквите сцени се секојдневие. Ваквите проблеми, според него, се јавуваат поради пренатрупаноста на просторите, но и „војната“ за територија.

„Преполните капацитети го прават своето. На местото каде што настанал проблемот има Албанци, Македонци, Роми, од сите заедници. Таму треба да се сместат до 150 луѓе, но сега се 250. Се тепаат за да не се повредат затоа што тогаш може да има кривична одговорност и со тоа би им се продолжила казната. Тоа е војна за територија. Тоа е начин на живот“, рече Јовановски.

Прашан дали лицата инволвирани во конфликтот се сместени во посебни простори за да се спречи понатамошна ескалација, директорот вели дека,  овие лица и понатаму остануваат на истото место, бидејќи немаат други простории. Случаите на насилство меѓу затворениците се чести, а неодамна еден од затворениците се здобил со фатални последици. Обвинителството во вторник соопшти дека е поведена истражна постапка против затвореник во затворот Идризово откако до смрт претепал друг затвореник.

Според директорот на затворот, починатиот имал здравствени проблеми, поточно бил нефункционален или во инвалидска количка. Дека затворот Идризово нема основни услови, потврдува и годишниот извештај на Народниот бранител во кој се опишува катастрофалната состојба во однос на хигиената, но и пренатрупаноста на просториите, кои, пред сè, се извор на ширење на разни болести, но и отежнувачка околност за општата благосостојба на затворениците.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button