СВЕТ
Масовна вакцинација во Јапонија на два месеца до Олимписките игри

Во Јапонија денеска почна масовна вакцинација во градовите Токио и Осака, со цел да се вакцинира повозрасното население, два месеца пред почетокот на Олимписките игри. За оваа операција е мобилизиран воениот медицински персонал.
Премиерот Јошихиде Суга вети дека вакцинацијата на околу 36 милиони повозрасни жители ќе заврши до крајот на јули, кога треба да се одржат игрите. Меѓутоа, истражувањето на владата од минатата недела покажа дека тој рок можеби нема да може да се исполни.