Масовни апсења во Лос Анџелес откако е воведен полициски час во делови од градот

Полицијата на Калифорнија соопшти дека извршила масовни апсења во центарот на Лос Анџелес откако градоначалничката Карен Бас воведе полициски час за центарот на градот по неколкудневните интензивни протести против заострувањето на имиграциските мерки од страна на претседателот Доналд Трамп.
Полицискиот час започна во вторник во 20 часот по локално време и ќе трае до денес до 6 часот наутро по локално време. Полицискиот час се однесува на област во центарот на градот.
„Прогласив полициски час почнувајќи од вечерва во 20 часот за центарот на Лос Анџелес за да ги сопрам лошите актери кои ја искористуваат хаотичната ескалација на претседателот. Ако не живеете или не работите во центарот на Лос Анџелес, избегнувајте ја областа. Полицијата ќе уапси лица кои го прекршуваат полицискиот час, ќе бидете гонети“, пишува Бас на својот профил на Икс.