ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Масовно се празнат училишните клупи

За само три месеци, од 10 основни училишта во Гостивар, 60 ученици побарале отпусница за да ја напуштат државата, додека 40 средношколци добиле отпусници поради тоа што заминале кај нивните семејства во странство, 95% од нив заминале во Германија. Покрај училиштата во Гостивар, со намалување на бројот се соочија и училиштата во општина Тетово. Само во првото тримесечје од годинава од 12-те основни училишта во Тетово 128 ученици добиле отпусници, а од петте средни училишта од оваа општина 31 ученик се иселиле во странство. За само три месеци 99 ученици од четири основни училишта во Тетово биле одјавени поради преселба во странство.

Advertisements

Иселување на ученици:

– Од ОУ „Братство-Миѓени“ се одјавиле 36 ученици
– Од ОУ „Кирил и Методиј“ се одјавиле 27 ученици
– Од ОУ „Наим Фрашери“ се одјавиле 20 ученици
– Од ОУ „Истигбал“ се одјавиле 16 ученици

Освен во две основни училишта во Тетово, во сите други училишта има одјава на ученици поради напуштање на државата. Покрај училиштата во најголемите општини, постепено се празнат и оние во помалите општини.

Во општина Желино, од шесте централни училишта и 11 приградски училишта, само во овој квартал биле отпишани 47 ученици, кои им се придружиле на семејствата во Германија, Швајцарија, Италија и еден во Норвешка. Вкупниот број на ученици во општина Желино е значително намален и сега останаа 2407 ученици.

Од 7 основни и 4 средни училишта во општина Велес од почетокот на учебната година до сега се одјавени 41 ученик.

Социологот Али Пајазити вели дека заминувањето нема да запре.

„Веројатно овој тренд нема да престане се додека имаме такво општество организирано врз основа на корупциски непотизам, антивредности на незаслужено напредување, од ден на ден сме опкружени со колективен дефетизам или со колективна скршена надеж на нашите граѓани кои не гледаат иднина во оваа земја или светлина на крајот од тунелот“, вели Пајазити.

Социологот Пајазити смета дека овие бројки на студенти кои се иселиле од земјата се алармантни, бидејќи секоја миграција на ученикот се множи со три или четири други членови на семејството кои бараат  финансиска и социјална сигурност во побезбедна европска држава.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button