
Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски и официјално стави потпис на договор со новиот клуб Железничар.
26-годишниот крилен играч по настапите за Брера Струмица пак замина на интернационален предизвик. Цветаноски со Железничар се договори за двегодишна соработка и веднаш ќе се стави на располагање на екипата која се наоѓа во Златибор на подоготовки
Во својата кариера Матеј Цветаноски освен за Брера настапуваше за Вардар, Шкупи, Пелистер, унгарски Ѓирмот и албански Партизани. Минатата сезона во ПМФЛ играјќи за струмичани на 25 натпревари даде четири гола и запиша четири асистенции.
Цветаноски двапати во кариерата беше првак на Македонија и еднаш на Албанија.