ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Материја налик на земја, со непријатен мирис истурена на автопатот Катланово-Велес

Патниците што денеска претпладне нешто по 10 часот се движеа по автопатот од Катланово кон Велес наидоа на коловоз покриен со материја налик на земја, но со непријатна миризба.

Фотографии испратени до редакцијата на „360 степени“ сведочеа за невообичаената глетка на автопатот во наведеното време, а на коловозот, според информациите што ги добивме, не била поставена сигнализација за предупредување, иако истурената „земја“, како што може да се види, претставува опасност за возачите.

Advertisements

Дополнителна мистерија за материјата распослана на автопатот бил непријатниот мирис што се ширел на местото.

Трагајќи по одговори за што станува збор, се обративме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и до Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од ЈПДП нè препратија до Јавното претпријатие „Македонија пат“, кое е задолжено за одржување на магистралните и регионалните патишта.

Оттаму ни потврдија дека денеска после 10 часот на автопатот имало истурено некаква материја со непријатен мирис во должина од 100 до 150 метри и дека нивни екипи се веќе на терен и работат на расчистување на коловозот.

„Упатени се наши екипи и поставена е сигнализација. Екипите се сè уште таму и работат. Пуштена е и цистерна за да го измие коловозот“, ни рекоа од Диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.

Како што додадоа, сообраќајот на автопатот не е во прекин, туку се одвива по една коловозна лента додека трае расчистувањето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button