ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матичарите го потпишаа Колективниот договор, привремено го прекинуваат штрајкот

Вработените во Управата за Водење Матични Книги, од четврток ќе го прекинат штрајкот и ќе се вратат на работа, откако Самостојниот синдикат на вработените во Матичните книги и Управата најдоа заеднички јазик и потпишаа Колективен договор. Синдикатот вели дека ќе го прекине штрајкот до крајот на следниот месец за да види дали владата ќе ги зголеми платите според договорот.

Директорот на Управата, Блерим Абази рече дека ја информирал Владата за постигнатиот договор со вработените и очекува наскоро Владата да донесе одлука за зголемување на платите за 30%.

„Со колективниот договор се определуваат критериумите за годишен одмор, платени или неплатени отсуства, придонеси од плата и други приходи. Исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна цена и сл. Како право кое синдикатот и работодавачот го констатираат во овој Колективен договор, е дека минималната плата е основна плата“, рече Абази.

Вработените во УВМК, штрајкот го започнаа пред седум недели, бидејќи, како што велат, не земале неколку плати, К15. Поголемиот број вработени имале плата од 16.000 или 17.000 денари, што е под минималната плата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button