ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матичните книги ќе се дигитализираат

Матичните книги ќе се дигитализираат

500 денари чини срамот на луѓето кои земаат мито од граѓаните за издавање документи. Ова го изјави мандатарот за формирање на новата Влада, Христијан Мицкоски.При објавѕвањето дека Стефан Андоновски ќе биде иден министер за информатичко општество и дигитална трансформација, првиот човек на ВМРО рече дека идниот министер има амбициозни планови и проекти за дигитализација на институциите, со кои ќе се води борба против криминалот и корупцијата, но и ќе се зголеми транспарентноста.

Претстојната влада ветува дека ќе ги дигитализира сите услуги на институциите до кои ќе се пристапи само со еден клик на интернет, било преку компјутер или паметен телефон. Во првата година се планира дигитализирање на матичните книги на граѓански статус, додека приоритет ќе имаат 12 служби кои се однесуваат на издавање потврди, документи за започнување бизнис и добивање уверенија од различни институции. Исто така, се најавува и враќање на услугата за електронско пријавување на новороденчиња.

Од друга страна, покрај ова, се најавува дека сите институции ќе бидат поврзани и меѓусебно ќе комуницираат преку електронски системи, а граѓаните ќе имаат дигитален идентитет, кој ќе се користи за издавање разни документи.

Во меѓувреме ќе се формира и Агенцијата за дигитализација, што беше ветување од претходниот владин состав, и законот чека на одобрение во Собрание. Во оваа агенција на едно место ќе се собере целиот ИТ персоналот кој ќе биде одговорен за забрзување на дигиталната трансформација, нивна обука, но и заштита на институциите од сајбер напади.

Според последниот извештај на Ревизијата, процесот на дигитализација во земјава оди бавно, додека порталот кој дава електронски услуги недоволно е промовиран и многу малку се користи од граѓаните. Од 2020 година наваму, во овој портал се инвестирани над 13 милиони евра, но досега има околу 110.000 регистрирани граѓани и обезбедени се помалку од 65.000 електронски услуги./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button