ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Матичните лекари го почнаа протестот – попладне ќе се сретнат со заменик-министерот за здравство

Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување денеска го почнаа најавениот протест.

Advertisements

„Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку ‘Мој термин’, а пациентите што не сакаат да почекаат за упати и пропишување терапии и закажување тестирања ги упатуваат во ургентните центри“, изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова-Дервишова.

Според неа, досега имаат поддршка од пациентите, од сите возрасни групи. На сите, нагласи, ни е неопходно функционално здравство. Досега немале итни случаи, но доколку се јават, како што вели, ќе бидат примени.

Чолакова-Дервишова попладне во 14 часот ќе има средба со заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, на која ќе ги презентираат причините и барањата за протестот. Средбата ја потврди и Рендевски.

Матичните лекари бараат да се подигне цената на капитацискиот бод по пациент, за која беа ветени 95 денари, како и измени на Законот за здравствена заштита со кои сите пациенти наместо да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот ќе ѝ припаѓаат на матичната ординација. Незадоволни се, како што велат, и од недостигот на поддршка во примарното здравство во текот на целата пандемија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button