ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матка се гуши во смет и отпадоци

Овој пат со дупки и глетката на контејнерот преполн со ѓубре се на влезот на кањонот Матка каде доаѓаат многу странски и локални посетители да уживаат во природата на ова место. Туристи кои дојдоа да го посетат ова место, рекоа дека недостигаат корпи за отпадоци, но и свест кај граѓаните да не фрлаат отпад никаде.

Advertisements

Иако поретко во зимската сезона, и денеска имаше туристи кои го посетуваат кањонот Матка.

Првите што ги запознавме беа пар од Франција, кој на социјалните мрежи ги најде првите информации за кањонот Матка. Но, она што ги разочара беше патот со дупки и ѓубре на секој агол.

„Тука е прекрасно место и природа. Треба да се поправи патот и да се исчисти ѓубрето бидејќи има многу ѓубре. И многу графити на ѕидовите“, вели еден посетител од странство.

Дополнителни проблеми за туристите се високите цени во оваа туристичка дестинација и немањето јавни тоалети, како што беше случајот со двајца посетители од Турција кои рекоа дека платиле по едно евро за користење на тоалетот .

„Можеби патот треба да се поправи би било добро, а исто така да има повеќе паркинг места за да можат да дојдат овде и да има знаци за да можат посетителите да се ориентираат. Ако се постават корпи за отпадоци, тоа ќе им помогне на луѓето да не фрлаат ѓубре во природа, но сите треба да бидат свесни за ова“, велат туристите.

Од општина Сарај велат дека за поплаките на туристите и проектите што ги планираат за Матка, одговор ќе дадат утре.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button