СПОРТФУДБАЛ

Матс Хумелс, сигурно ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, сигурно ќе го напушти тимот, тврди „Билд“. Договорот на 35-годишниот централен бек истекува и нема да биде обновен.

Главната причина за разделбата е тоа што Хумелс е во затегнати односи со тренерот на „жолто-црните“, Един Терзиќ. Дополнително, раководството на клубот не верува дека поранешниот германски репрезентативец е способен да продолжи да игра на високо ниво.

Хумелс има 35 години и минатата сезона забележа 25 настапи во Бундес-лигата и постигна три гола. Тој исто така даде значаен придонес Борусија Дортмунд да стигне до финалето на Лигата на шампионите.

Неодамна имаше информации дека дефанзивецот размислува да стави крај на кариерата, но тоа тешко дека ќе се случи. Тој не е во искушение од можни понуди од Саудиска Арабија или САД и сака да остане во Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button