СПОРТФУДБАЛ

Матсен од Дортмунд како замена за повредениот Де Јонг

Репрезентацијата на Холандија е принудена да прави измени непосредно пред Европското првенство. Со сигурност од комбинација за настап отпадна Френки Де Јонг. Фудбалерот на Барселона се бореше да ја надмине повредата која го мачи пролетва, меѓутоа не успеа во својата намера.

Селекторот Роналд Куман потврди дека Де Јонг нема да патува со репрезентацијата во Германија, а под знак прашалник е и Теун Копмајнерс кој заработи повреда на јунските тестови. За Копмајнерс не се знае дали ќе игра, меѓутоа сигурно е дека Де Јонг отпадна, па селекторот се реши да повика замена.

Делува како правдата да е задоволена и дополнителен повик добива Иан Матсен кој пролетва блесна во Борусија Дортмунд. 22-годишниот бек беше еден од клучните играчи на „милионерите“ во походот до финалето во Лигата на шампионите, а клубот работи на откуп на неговиот договор од Челзи.

Изненадување беше дека тој не се најде на финалниот список за Европското првенство, а сега Матсен имаше среќа и сепак ќе чека шанса да заигра на собирот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button