ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матурантите ќе го бојкотираат второто полугодие

Матурантите од средните училишта ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие. Оваа одлука ја донесе Сојузот на ученици од средните училишта по консултации со претставници на учениците низ целата земја. На бојкот се одлучиле откако Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар одбиле да соработуваат за да се  измени наставниот материјал за тестот за државната матура. Средношколците  бараат Министерството за образование и наука да го намали бројот на предмети во државната матура. Од четири предмети на матурскиот испит, тие предлагаат да имаат само два предмети. Првиот задолжителен предмет да биде Мајчин јазик, а вториот изборен да биде предмет што е поврзан со понатамошни студии на Универзитет, како и Проектна задача на матурата. Исто така бараат изменетиот материјал и наставната програма за државната матура што се учеле од далечина, да бидат презентиран до март месец.

Advertisements

 

Од Министерството за образование велат дека Државниот испитен центар веќе ги завршил процедурите за состав на Комисиите на државната матура, и тие веќе ги пишуваат прашањата по сите предмети, во согласност со скратените наставни програми .Според МОН, испитот за државна матура е задолжителен за запишување во сите високообразовни институции. Покрај ова, Концептот за полагање на матурски испит предвидува можност за добивање на школска матура за учениците кои нема да го продолжат своето образование на факултетите.

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button