ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матурантите полагаа мајчин јазик – поголем дел задоволни од прашањата

Матурантите полагаа мајчин јазик – поголем дел задоволни од прашањата

Oколу 15 илјади матуранти, денеска го полагаа првиот државен матурски испит по задолжителниот предмет мајчин јазик. За разлика од минатите години кога испитите се одржуваа во училниците, оваа година државниот испит се спроведуваше во училишните сали и ходници.

Advertisements

„Сите бевме под стрес, бевме во ходникот и таму го направивме тестот, го пополнив целосно тестот“,рече еден ученик.

„Беше добро, не го очекував тоа, но добро е. Материјалот се совпаѓа со она што сме го имале досега„, додаде друг.

Според директорот на Гимназијата „Зеф Љуш Марку“, оваа година првиот испит по мајчин јазик го полагале 436 матуранти од ова средно училиште.

„Денес во просториите на средното училиште „Зеф Љуш Марку се тестираат 436 матуранти. Во 09:30 часот ја започнавме поделбата на тестовите на матурата. Сè помина добро, за разлика од претходните години, оваа година испитот се одржува на отворен простор, спортски сали и ходници, имавме повеќе ангажмани бидејќи имаме голем број на ученици, носевме 436 клупи и столчиња кои се поставени во ходниците и спортските сали“, Арбен Мемети, директор на средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Студентите кои нема да го положат испитот на 1 јуни ќе имаат втора шанса во август. Вториот испит ќе биде на 8 јуни. За полагање математика пријавени се 1.356 кандидати ,13.198 по англиски, 37 по француски, 114 по германски, 84 по естетика и еден по руски јазик и филозофија./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button