Матурантите соочени со предизвикот што понатаму, денеска се простија од професорите
Матурантите соочени со предизвикот што понатаму, денеска се простија од професорите

Матурантите денеска се простија од професорите. ОБЗЕМЕНИ од емоции, се потсетија на најубавите моменти и предизвици во текот на четирите години, додавајќи дека тие ќе останат како еден од најубавите спомени во животот.
„Сите придонесовме едни со други во текот на овие четири години, спомените нема да се изгубат по завршувањето на училиштето, дури и ќе ги чуваме уште повеќе. Сакам да им се заблагодарам на нашите професори од се срце, нивната помош и поддршка се причината поради која стигнавме овде денес“, рече еден матурант.
„Планови за иднината? На факултет- правен отсек. Да уживаме што повеќе, да правиме убави спомени, да го искористиме максимално“, рече друг матурант.
„Многу сме задоволни од професорите, искуството беше многу добро и друштвото исто така. Се одлучив за правда, мислам дека училиштето одлично не подготви за иднината“, додаде друг.
По завршувањето на средното училиште, многу матуранти размислуваат да се иселат во странство. Некои други се на мислење дека и во Македонија може да имаат добар живот.
„Мислам дека не, мислам дека и овде можеш да имаш добар живот“, рече еден матурант.
„Беше тешко затоа што треба да работиме, да учиме, да ги постигнеме нашите цели, но на крајот ако работиме добро, ако бидеме внимателни и одговорни за нашата работа, тогаш ќе имаме успех. Ако условите се добри тука, ќе останам во Македонија. Меѓутоа, како што гледате, веројатно поради економската ситуација во странство се гледам себеси“, нагласи друг матурант./Алсат.мк
Мелихате Рустеми