СПОРТФУДБАЛ

Маурицио Сари, сега е “мета” на англискиот премиерлигаш

Англискиот премиерлигаш Њукасл упатил понуда до италијанскиот тренер Маурицио Сари, пренесуваат медиумите на Островот. 65-годишниот стратег неодамна го напушти италијанскиот Лацио, а неговото име веќе се поврзува со голем број европски тимови.

Меѓу потенцијалните нови дестинации за Сари се клубови како Фиорентина, Торино, Милан, Наполи и Вест Хем. Се очекува искусниот тренер да донесе одлука за својата иднина по завршувањето на актуелната сезона.

Саудиските сопственици на Њукасл испратија понуда до Маурицио Сари во обид да го убедат да го замени Еди Хау на лето. Њукасл се наоѓа на седмото место на моментната табела во Премиер – лигата со 53 бода по 34 одиграни натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button