ВЕСТИСВЕТ

Маж со нож се обиде да влезе во резиденцијата на белгискиот премиер

Маж со нож е уапсен денеска откако се обидел да влезе во официјалната резиденција на белгискиот премиер Александар де Кроа, соопшти директорот за комуникации на белгискиот премиер Барен Лејтс, а потврди и белгиската полиција.

Advertisements

Осомничениот е уапсен околу 10 часот во официјалната резиденција на белгискиот премиер, пренесува белгиската агенција Белга.

„Мажот наводно бил вооружен со нож и им се заканувал на присутните воени лица. Тие го совладале мажот додека ја чекале полициската зона, која е одговорна за понатамошна истрага“, соопшти белгиската полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button