СВЕТ
Маж застрелан на Тајмс Сквер, полицијата го бара напаѓачот

Неименуван маж беше застрелан денес на Тајмс Сквер, Њујорк, а полицијата трага по напаѓачот, соопштија локалните власти.
Пукањето се случило околу 5 часот наутро по локално време, а жртвата се здобила со рана во десното рамо, објави „Њујорк пост“.
Еден маж (29) бил префрлен во блиската болница по инцидентот и е во стабилна состојба.